Исплатени над 1.000 лозари од Тиквешијата

34

Финансиски средства во висина од 90 милиони денари, во форма на кредит, се обезбедени за винарската визба Повардарие.

Со овие средства ќе се исплатат 2.359 лозари од Тиквешијата за откуп на грозјето за бербата од 2013 година.

Досега се исплатени 39 милиони денари на вкупно 1.100 лозари кои имаат договор со оваа винарска визба, а во текот на наредните работни денови ќе се исплаќаат и останатите лозари преку Стопанска банка АД Битола.