Италијанскиот производител Alfa Romeo, што во моментот е дел од групацијата FIAT- Chrysler, наскоро би можел да стане одвоена компанија со сопствено раководство.
На тој начин би можел да се примени сопственичката структура на Maserati и Ferrari, кои успешно функционираат како самостојни компании, иако нивен мнозински сопственик е FIAT.
Одлуката ќе биде обелоденета на шести мај, кога Серхио Марчионе ќе ја објави петгодишната стратегија за развој на брендот што функционира во рамки на FIAT- Chrysler.
FIAT претходно најави дека Alfa во иднина ќе биде премиум марка која на пазарот ќе се натпреварува со германските конкуренти. За такво нешто неопходни се нови и луксузни модели. Токму поради тоа, планиран е развој на автомобил со заден погон и SUV модели, како и употреба на мотори за да се развива и произведува Ferrari.