Претставници на 35 компании членки на Македонско-Германското стопанско здружение (DMWV) беа во посета на најголемата софтверска компанија во Македонија – Seavus.
Посетата беше со цел запознавање со работењето на една најуспешните ИТ компани во Европа, која и самата е членка на Македонско-Германското стопанско здружение.
Настанот, којшто го организираше DMWV, беше искористен за интензивирање на контактите меѓу членовите на здружението, а гостите беа импресионирани од достигнувањата што Seavus ги има постигнато на глобално ниво во изминатите десетина години.
На презентацијата беа претставени производите и услугите кои Seavus им ги нуди на своите клиенти ширум светот.
Компанијата е специјализирана за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија.
Seauvus вработува над 500 IT експерти ширум светот, а нуди широк спектар од софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.
Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded решенија, ALM, Embedded програмирање, мобилни апликации и гејминг решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации по барање на клиентите.
Во портфолиото на Seavus се вбројуваат и повеќе од 3.500 клиенти, меѓу кои светски телеком оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, модата и други.