Путин ги забранува пцовките со закон

41

putin

Рускиот претседател Владимир Путин, потпиша закон со кој се забрануваат пцовките во филмовите, на телевизија, во театрите, медиумите…

Посебна група експерти, како што пренесува CNN, ќе направи список на зборови што се сметаат за пцовки и кои не смеат да се користат во јавност.

Со оваа мерка, Путин сака да ја заштити јазичната култура. Оние кои ќе го прекршат законот ќе се соочат со казна од 1.400 долари за правни лица и 70 долари за физички лица.

Според Кремљ, законодавството “забранува употреба на непристоен јазик кога се обезбедуваат правата на руските граѓани за употребата на државниот јазик, како и заштита и развој на јазикот и културата.”

Сите книги и компакт дискови кои содржат пцовки ќе мора на својата насловна страна да имаат предупредување – “содржи вулгарни зборови“. Продавачите кои нема да постават вакви предупредувања ќе можат да ја загубат дозволата за работа.

Овој закон стапува на сила на први јули и ќе се применува ретроактивно, а засега не е познато дали ќе се однесува и на корисниците на социјалните мрежи.