Берлин го добива првиот супермаркет без амбалажи

50

unverpackt

Во Германија секоја година се фрлаат околу 16 милиони тони амбалажа, па воопшто не е чудно што социјално и економско свесните претприемачки Сара Вулф и Милена Глимбовски започнуваат бизнис под името Original unverpackt.

Станува збор за фирма чија цел е до ова лето во Берлин да се отвори првиот супермаркет без амбалажа, а посебно да се избегнуваат оние кои се за еднократна употреба.

Во асортиманот на овој супермаркет планирано е да се најдат околу 600 производи. Вулф и Глимбовски не планираат тоа да биде мала локална продавница, туку навистина голем супермаркет во кој може да се најде се што им е потребно на луѓето, пренесува германски Frankfurter Rundschau.

un

Потецијалните купувачи во овој супермаркет ќе можат да си понесат свои садови и во нив да ги ставаат производите што ќе ги купат, како што е брашно, шеќер, кафе и слично. Оние што немаат свои садови ќе можат да си набават директно во супермаркетот.

Главната цел на оваа идеја е да се избегне рециклирањето што е потребно за амбалажата. Исто така, ќе се избегне користењето на суровини потребни за масовно производство на амбалажа за малопродажба, со што се намалува загадувањето.

unp

Оригиналниот unverpackt нема цел да биде таканаречена биопродавница, со оглед на тоа што планирано е да има и конвенционални производи по достапни цени за сите.

Двете креаторки на оваа идеја во овој момент бараат соодветна локација во Берлин за првиот супермаркет од ваков тип.