Продажните цени на производителите на индустриски производи во април на домашниот пазар се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 1,8% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во април оваа година, во споредба со минатиот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се на исто ниво.
Во април оваа година, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Капитални производи за 3,2%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6% и Енергија за 2,1%.