Цементарница Усје со 301 милиони денари добивка во првиот квартал

19

titan

Цементарница Усје, во првите три месеци од оваа година, оствари добивка од 301.365.000 денари, додека во истиот период оваа година, истата била 140.602.000 денари, покажуваат податоците од Билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Приходите од продажба на Усје од јануари до март биле на ниво од 821.236.000 денари, додека лани ова време тие биле 553.150.000 денари.

Од вкупниот износ на приходи оваа година, од реализација на домашен пазар отпаѓаат 603.485.000 додека на странски пазар се 217.751.000 денари.