Околу 14.300 компании по електронски пат поднеле годишна сметка во Централниот регистар и ја искористиле оваа услуга што е пуштена во употреба на 31-ви март оваа година.
“Задоволни сме бидејќи ниту во еден момент немавме пад на системот. Со ова се заобиколуваат две фази, односно физичкото присуство пред шалтерите и процесот на внесување на податоците од годишната сметка во базата на податоци во регистарот на годишни сметки“, рече денеска Ванчо Костадиновски, директор на Централниот регистар.
Околу 25.000 компании не ја исполниле законската обврска и не поднеле годишни сметки, па доколку до 31-ви декември не поднесат годишна сметка тогаш ќе се премине кон нивно административно бришење.
Централниот регистар е задоволен и од имплементацијата на проектот за регистрационен агент со кој досега се регистрирани 283 агенти кои претставуваат витруелни канцеларии на Централниот регистар, а во постапка се уште 190 барања за регистрациони агенти.