Литванскиот парламент донесе закон со кој ја забрани продажбата на енергетски пијалоци на малолетници, чекор со кој може да се обнови контолата над производите како што се Red Bull, Monster и други, пишува Wall Street Journal.
Oваа мала балтичка земја е прва од земјите членки на Европската унија која воведува ваква забрана што се однесува само за малолетници.
“Земјите членки на ЕУ, иако се поголеми и помоќни, треба да го следат нашиот пример“, рече Алмантас Кранаускас, претставник од тамошното министерство за здравство.
Оваа мерка треба да стапи на сила во ноември, а за истата гласале 88 од 96 присутни пратеници во литванскиот парламент, додека осум биле воздржани.