Во организација на Американската Стопанска комора во Македонија, денес во СОС Детското село во населбата Ченто ќе се одржи втората по ред традиционална прослава на Денот на благодарноста.
Исто како и лани, Американската Комора покрена иницијатива за собирање на потребни донации за СОС Детското село. На оваа иницијатива одговорија голем број од членките: АД Алајанс Уан Македонија, Окта АД Скопје, СиТ Македонија дооел Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Скопски Пазар АД Скопје, Пивара Скопје АД, Фершеп АД Скопје – Х. Александар Палас, ПИ Витаминка АД Прилеп, Џонсон Контролс Македонија, Чакмакова Адвокати Скопје, Адвокатско Друштво Моневски, ЕВН Македонија и Еуростандард банка.
Со оваа акција беа собрани донации од околу 300.000 денари.
Благодарение на собраните средства, ќе се овозможи реновирање на шест кујни во СОС Семејните куќи, како и набавка на апарати за домаќинство. Со тоа значително ќе се олеснат секојдневните обврски на СОС семејствата, каде што се згрижени од 5-7 деца без родители и родителска грижа.
Децата, мајките, вработените и претставници на компаниите и Американската Стопанска Комора денес ќе го прослават традиционалениот американски празник, Денот на благодарноста, со традиционални американски јадења и слатки.