Имотот на милијардерот Хауард Хјуз на езерото Тахо е на продажба за 19,5 милиони долари. Домот е именуван Summertide и првично бил изграден во 1920 година за адвокатот од Њујорк, Таскаер Одиј, кој стана 12-ти гувернер на Невада. Потоа имотот е продаден на англиски Лорд, најверојатно потомок на Војводата од Велингтон, кои го продале на Хјуз во 1934 година. Во тоа време Хјуз бил еден од најбогатите и најпознатите луѓе во светот и како пилот и како режисер.
Имотот се простира на повеќе од 20.000 метри квадратни, а внатре во куќата има 2.518 метри квадратни простор за живеење, вклучувајќи четири спални соби и пет бањи. Имотот исто така вклучува гостинска куќа, гаража со простор за четири автомобили и канцеларија.
Сегашниот сопственик го купил имотот во 1995 година и голем дел од куќата е преуредена за да одговара на модерниот живот. Реновирани се само бањите, а во кујната се поставени машина за миење садови и фрижидер. Освен тоа, се е прилично автентично и оригинално, пишува Daily Mail.
Хјуз почина на возраст од 70 во 1976 година. Леонардо ди Каприо го игра во биографскиот филм Авијатичарот.
Погледнете како изгледа имотот на Хауард Хјуз.