Конечна процена на штетата на сите станбени и инфраструктурни објекти предизвикана од поплавите ќе дадат стручните комисии, а таа веројатно ќе изнесува над една милијарда евра, покажуваат процените на Градежно- индустриската комора на Србија, јавува Танјуг.
Со поплавите се оштетени околу 4.000 магистрални патишта, 250 мостови, 2.500 градежни и станбени објекти се поплавени, а огромен проблем претставуваат свлечиштата на поедини делници и патишта.
Во оваа проценка, како што изјави потпретседателот на Комората, Горан Родиќ, не влегува штетата која ќе се одрази на земјоделието, потоа колку се оштетени мебелот и другите работи.
За санација на штетите ќе бидат потребни неколку години, а работите на санацијата ќе траат со месеци додека да се средат објектите за својата намена, да се поправи комуналната инфраструктура, водовод, канализација, да се овозможи електрична енергија и патна инфраструктура.