Coca-Cola ја објави првата реклама составена од снимки на потрошувачите

46

koka kola

Coca-Cola ја објави првата ТВ реклама целосно составена од кратки видео клипови направени од нејзините потрошувачи, со додаток на малку анимација.

Пред еден месец, брендот ги покани тинејџерите да испратат кратки клипови и да споделат со светот како се чувствуваат кога пијат Coca-Cola.

На адреса на компанијата стигнале околу 400 снимки од целиот свет, а во ова видео агенцијата Wieden + Kennedy искористи 40 од нив.