Nova Solutions со втора награда на Ericsson applications award

63

nova solutions

Битолската компанија Nova Solutions со апликацијата Farmarket го освои второто место на натпреварот на светскиот бренд Ericsson за најдобра мобилна апликација.

Farmarket е иновативно решение кое ги поврзува семејствата, компаниите и рестораните со локалните фармери, обезбедувајќи едноставна нарачка на свежи прехранбени производи. Бизнис потенцијалот на апликацијата е голем, бидејќи може да функционира во целиот свет.

Ericsson applications award е награда која се доделува во две главни категории – за студенти и за компании. Годинава натпреварот беше на тема Апликации за работниот век, а наградените апликации беа избрани според критериумите бизнис потенцијал, иновативно решение и техничка функционалност.

Nova Solutions работи во полето на веб маркетингот и е една од водечките компании за социјални медиуми во Македонија. Главни услуги на компанијата се изработка и водење на веб страници и интернет маркетинг кампањи. Во 2013 година беше прогласена за најдобар нов бизнис на манифестацијата Најуспешни битолчани.