Конференција на тема Финансирање на енергетска ефикасност и обновлива енергија

48

Конференција на тема Финансирање на енергетска ефикасност и обновлива енергија, која е во рамки на осмата Недела на енергетика Македонија 2012, денес ќе се одржи во Град Скопје.

На настанот ќе зборуваат Министерот за економија Ваљон Сарачини, градоначалникот на Скопје Коце Трајаноски, амбасадорите на Европската унија и на Сојузна Република Германија.

Како што соопштија од Министерството за економија, оваа конференцијата има цел да обезбеди поголема информираност за финансирањето на енергетската ефикасност и обновливите енергетски ресурси и да поттикне зголемена примена и интерес кај целните групи на настанот.