Летен камп Медо Штедо за децата од СОС Детско село

47

СОС Детско село, Шпаркасе Банка Македонија, Медиа принт Македонија и Црвениот крст на град Скопје најавија заедничката донаторска акција Летен камп Медо Штедо преку која ќе се овозможи летување за 35 деца од Детското село во кампот Солферино во Струга.

Преку пораката Мојата единствена шанса за летување, сте вие се повикуваат сите граѓани да го дадат својот придонес во мисијата за испраќање на децата во летниот камп во Струга. Акцијата за собирање средства ќе се одвива од 25 мај до 12 јули.

Летниот камп Медо Штедо ќе се одржи во периодот од 12 – 25 јули, каде дечињата од Детското село ќе имаат шанса да поминат повеќедневен летен одмор, незаборавни мигови исполнети со многу игра, голем број на спортски и рекреативни активности кои ќе бидат специјално за нив подготвени од волонтерите од Црвениот крст и вработените од Шпаркасе Банка.

Граѓаните ќе може да донираат согласно своите можности преку посебната трансакциска сметка на Шпаркасе Банка број 250-0000000001-11, со повикување на бројот 2924000627. Донациите ќе може да се реализираат и со повик на хуманитарниот телефонски број 143 456 на сите три мобилни оператори Т-Мобиле, ВИП и ОНЕ. Секој повик чини 100,00 денари + ДДВ.