Стопанска банка оствари нето добивка од 995.717.000 денари

24

stopanska banka

Стопанска банка во 2013 година оствари нето добивка во вредност од 995.717.000 денари, стои во одлуката за усвојување на годишна сметка и финансиски извештаи, објавена на Македонска берза.

На приходната страна на банката лани биле евидентирани 6.040.114.000 денари, додека расходите биле во висина од 5.044.397.000 денари.

На данок на добивка отпаѓаат 5.772.000 денари, додека остатокот од 989.945.000 денари од нето добивката остануваат нераспределени.

Стопанска банка ќе изврши исплата на дивиденда по приоритетни акции за 2013 година во вкупен износ од 4.548.880 денари. Дивидендата ќе се исплати во вид на еднократно плаќање најдоцна во рок од 30 дена од датумот на кој Собранието на акционери на банката ќе ја усвои одлуката за распределба на добивката за 2013 година.