Компанијата Пелистерка евидентираше загуба од 6.295.000 денари во првото тримесечје од оваа година, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Во првите три месеци од 2014, Пелистерка оствари 88.602.000 денари приходи од продажба, од кои на домашен пазар отпаѓаат 83.738.000 денари, додека остатокот од 4.864.000 денари е реализиран на странски пазари.