Добивка од над 10 милиони денари за Макстил во 2013

46

makstil

Добивка од 10.249.000 денари оствари металуршкиот гигант Макстил во текот на минатата година, покажува финансискиот извештај, објавен на Македонска берза.

Вкупната реализација на Макстил, во 2013 година, изнесува 3.490.204.000 денари, додека трошоците биле на ниво од 3.247.906.000 денари.

Претходната 2012 година, Макстил регистрираше загуба од 9.703.000 денари.