Македонија го одбележува Светскиот ден на акредитацијата

50

Институтот за акедитација на Македонија (ИАРМ) денеска под мотото Акредитацијата: Обезбедување на доверба во снабдувањето со енергија, ќе го одбележи Светскиот ден на акредитацијата.

На настанот се очекува да се обратат генералниот директор на АД Електрани на Македонија, Дејан Бошковски, претседателот на Советот на ИАРМ, Борче Размоски, и директор на ИАРМ, Трпе Ристоски.

Ќе бидат промовирани Годишниот извештај за работа на Институтот за акредитација за 2013 година и видео запис за Институтот.

Традиционално, на свеченоста, ќе бидат доделени 32 сертификати на акредитирани и реакредитирани тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2013 – мај 2014.