Макпетрол со загуба од над 226 милиони денари ја заокружи 2013

43

makpetrol

Компанијата Макпетрол оствари загуба по оданочување во висина од 226.922.306 денари, покажува одлуката за усвојување на консолидираната годишната сметка и на финансиските извештаи за минатата година, објавена на Македонска берза.

Од први јануари до 31 декември минатата година, компанијата оствари вкупен приход од 21.496.211.376 денари, додека расходите беа на ниво од 21.714.114.763 денари.