Компанијата Витаминка од Припел на своите акционери дивидендата за минатата година ќе им ја исплати до 30 септември оваа година, стои во Одлуката за исплата на дивиденда, објавена на Македонска берза.
Остварената добивка од работењето по оданочување на компанијата во 2013 година изнесува 116.837.119 денари. Од овој износ, за законски резерви се одвојуваат 5.841.856 денари, како нераспределени остануваат 91.315.263 денари, додека износот на бруто дивидендата е 19.680.000 денари.
Дивидендата за 2013 година изнесува 206,14 денари нето по акција или 229,04 денари бруто по акција.
Датум на пресек на акционерската книга според која се определува листата на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда за 2013 година, како што стои во одлуката, е 23.06.2014 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 17.06.2014 година, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 18.06.2014 година.