Компанијата Жито Полог од Тетово оствари нето добивка во висина од 12.204.000 денари, покажува билансот на успех за 2013 година, објавен на Македонска берза.
Приходите од продажба во текот на минатата година биле 486.764.000 денари, што е намалување во однос на приходите евидентирани во 2012 година – 508.660.000 денари.
Добивката од редовното работење на компанијата е во вредност од 14.153.000 денари, додека истата пред оданочување достигна 13.418.000 денари.