Со кампањата која го носи името “Подготви се за возбудлива кариера”, официјално започнаа и уписите на трите најсовремени академии за дизајн, мрежи и програмирање при Seavus едукативен и развоен центар. Aкадемиите на Seavus едукативен и развоен центар се совршени за сите оние кои се стремат за возбудливи кариери со постојана надоградба и развој.
“ Уписите за трите академии се веќе во тек и морам да признам дека интересот за истите е навистина голем. Она што ги прави посебни овие академии е начинот на кои се составени програмите, најсовремениот начин на учење, како и можноста за пракса и вработување која ја добиваат нашите студенти”, вели Весна Иваноска, генерален менаџер на SEDC.
Едукативниот центар на Seavus важи за еден од најдобро технички опремени центри за изучување на ИТ програми со светски начин на учење.
Промотивната кампања “Подготви се за возбудлива кариера” официјално започна неодамна со одржаниот Challenge Day (Ден на предизвици) на кој беше доделена целосна стипендија и две полу стипендии за најдобрите, а во текот на летото ќе следат уште многу интересни активности.
Целта на SEDC е обезбедување на иновативен и ефикасен пристап на учење преку кој ќе се создадат кадри кои ќе можат да одговорат на барањата на ИТ индустријата која секојдневно расте и се менува.
Во досегашното работење од Академиите на SEDC излегоа голем број на квалитетни кадри кои веќе работат на големи светски ИТ проекти.
Во Sеаvus едукативниот и развоен центар покрај трите академии, во текот на целата година се организираат и обуки од областа на ИТ технологиите, како и бизнис курсеви.