Грдите овошје и зеленчук конечно ќе добијат шанса да блеснат во полн сјај и тоа благодарение на кампањата на Intermarche, трет по големина синџир на супермаркети во Франција.
Intermarché со оваа кампања од своите добавувачи купува овошје и зеленчук кои не ги исполнуваат “естетските стандарди” и ги продава за 30% поевтино во своите маркети.
Освен свежи овошје и зеленчук, во маркетите се продаваат супи и сокови направени од нив. Таквите производи имаат и соодветни етикети со цел да ги информираат потрошувачите.
Кампањата резултираше со раст на продажбата за 60%, а во првите два дена се продадени 1,2 тони овошје и зелечук. Маркетите се соочуваат само со еден проблем – немаат доволно залихи за да ги задоволат потребите на потрошувачите.
Европската унија ја означи оваа година како Европска година против фрлање отпадоци од храна. Секоја година преку 300 милиони изобличено, но сосема здраво за јадење овошје и зеленчук се фрлаат затоа што трговците не можат да ги продадат.