Форбс: Најмоќните луѓе во светот за 2012 година

51

На планетата има скоро 7,1 милијарди луѓе. Од нив 71 се најзначајни. Што имаат заедничко претседателот на САД, папата и основачот на Фејбук? Сите се на листата на Форбс на најмоќни луѓе во светот за 2012 година. На листата за оваа година се најдоа шефови на држави, финансиери, филантропи и бизнисмени кои го движат светот.

Најмоќниот од сите, прв на листата, втора година по ред е американскиот претседател Барак Обама. Веднаш по него е најмоќната жена во светот, германскиот канцелар Ангела Меркел. Минатата година беше на четвртото место, а оваа година скокна за две места нагоре. Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг е меѓу најмладите во светот. Тој со своите 29 години се најде на 25 место. Минатата година беше на девето место, а падот се должи на големото фијаско со многуочекуваното ИПО.

На третото место се наоѓа рускиот претседател Владимир Путин, потоа е коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, па поглаварот на римокатоличката црква, папата Бенедикт XVI.

За изготвување на оваа листа, земени се во предвид неколку фактори: бројот на луѓето над кои личностите имаат власт, финансиските ресурси што тие ги контролираат, дали овие личности имаат влијание во повеќе сфери и начинот на кој личностите ја спроведуваат својата власт.

Ова се десетте најмоќни луѓе во светот според Форбс.

1. Барак Обама, Претседател (САД)

2. Ангела Меркел, Канцелар (Германија)

3. Владимир Путин, Претседател (Русија)

4. Бил Гејтс, ко-сопственик (Bill & Melinda Gates Foundation)

5. Папата Бенедикт XVI

6. Бен Бернанк, претседател (Федерални резерви, САД)

7. Абдула бин Абдул Азиз ал Сауд, крал (Саудиска Арабија)

8. Марио Драги, претседател (Европска централна банка)

9. Кси Јинпинг, генерален секретар на Комунистичката партија (Кина)

10. Дејвид Камерон, Премиер (Велика Британија)

Листата во целост можете да ја најдете на следниот линк

http://www.forbes.com/powerful-people/list/