Ким Неготино одбележува 15 години постоење

48

kim

Македонската компанија за производство, преработка и конзервирање овошје и зеленчук КИМ Неготино одбележува 15 години од своето основање и почеток со работа.

Компанијата произведува со софистицирана технологија. Поседува највисоки сертификати HACCP и ISO.

“Од јуни 1999 година, кога КИМ Неготино и започнува со работа, па се до денес, производите на оваа компанија се одомаќинети кај домашните потрошувачи кои им укажуваат доверба и ги преферираат како производи со достапна цена, висок квалитет, а сепак македонски производи. Потврда за високиот квалитет се и бројните награди добиени на меѓународни саеми, на кои компанијата учествувала“, соопштуваат од компанијата.