Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за поскапување на електричната енергија за 3,47%.
Новата цена на струјата за домаќинствата ќе важи до први јули идната година.
Според одлуката на РКЕ, еднотарифните домаќинства ќе плаќаат по 4,48 денари за потрошен киловат час електрична енергија, а двотарифните 5,59 денари за дневната тарифа и 2,8 денари за ноќната.
Од вкупното зголемување, 1,52% се за ЕЛЕМ, 0,66% за МЕПСО и 1,29% за ЕВН Македонија.