Vault – кафуле без вработени и функционира само на принципот на чесност

93

vault

Кафулето The Vault во Северна Каролина е најнеобичното место за наши услови, бидејќи таму нема вработени, а се почитува принципот на чесност.

Во кафулето гостите сами си подготвуваат кафе или чај, се послужуваат со печиво или сладолед. Потоа во менито ги гледаат цените и оставаат пари на пултот. Постои и читач на кредитни картички и можност да се плати со чек.

“Она што е неверојатно е тоа што луѓето се чесни. Кога ќе проверам колку е купено на крајот на денот, често пати се случува во касата да има 15% повеќе од цените во менито“, вели Дејвид Брек, сопственик на кафулето.

Тој е изненаден што досега немало иницијатива за отворање вакво место, бидејќи луѓето се навистина чесни и без никакво колебање си го плаќаат она што ќе го земат, а освен тоа оставаат и бакшиш.