Прогласени 100 нај – компании во Бугарија

68

lukoil

Втора година по ред, најголема компанија во Бугарија е Лукоил Нефтохим Бургас, а второто место го зазема од Аурубис Бугарија, според резултатите на осмото по ред издание Капитал 100, специјално издание на софискиот финансиско-економски неделник Капитал. Трета најголема компанија е Лукоил Бугарија, а потоа следуваат Национална електрична компанија, ОМВ Бугарија, Булгаргаз, ЧЕЗ електро Бугарија, Нафтекс петрол, Кауфланд Бугарија и Сакса.

Најбрзорастечки компании за 2013 година се АББ Бугарија, потоа БГ Агро и Захарни заводи.

Најголеми компании по приход, по сектори се: металургија – Аурубис Бугарија, малопродажба – Кауфланд Бугарија, машини и опрема – Идеал стандард Видима, горива – Лукоил Нефтохим Бургас, транспорт – Национална компанија Железничка инфраструктура, храна и пијалоци – Папас – олио, енергетика – Национална електрична компанија, фармација – Софарма трејдинг, градежништво – ПСТ холдинг, телекомуникации – БКТ, текстил – Е. Миролио, земјоделие – Алфред С. Топфер интернационал (Бугарија), софтвер – САП Лабс Бугарија.

Рангирањето покажува 3% пад на приходите на најголемите 100 компании и 6% пад на приходите на следната стотка – рангираните од 101 до 200. Вкупните приходи на првите 100 компании се малку над 31 милијарда евра, што е 78% од БДП на земјата во 2013 година.

Наградите беа врачени вчера, на свечена церемонија, јавуваат бугарските медиуми.