Комерцијална банка АД Скопје ја објави мобилната апликација (мБанка) за iOS и Android базираните мобилни уреди за пристап до услугите, што досега беа достапни исклучиво преку веб – апликацијата на Интернет банката за физички лица и порталот на Банката.
Со помош на мБанка отсега и во движење ќе може да се оствари комплетен увид во сметките и да се вршат трансфери и плаќања, без потреба од користење сигурносен токен или листа на кодови.
Дополнително, со еден допир на саканата информација, ќе може да се лоцира најблискиот банкомат, најблиската експозитура или филијала, да се направи увид во последната важечка курсна листа и да се добие информација повеќе за производите и услугите на Комерцијална банка.
Апликацијата е бесплатна за користење, а доколку веќе се користи Интернет банка, истата може да се активира многу едноставно преку веб – апликацијата на Интернет банката, без потреба од потпишување нови договори, во неколку чекори опишани во упатството за работа.
Апликацијата може да се добие во соодветните продавници за мобилни апликации на App Store (заштитна марка на Apple Inc.) и Google play (заштитна марка на Google Inc.).