Пет компании со најголем капитал во Србија, меѓу нив една без вработени

114

kapital

Компанијата TS Imperial clearing house од Белград е во групата на петте компании со најголем капитал во Србија, а не вработува ниту едно лице, ниту пак искажува приходи.

Според регистраторот во Агенцијата за економски регистри на Србија, оваа компанија има вкупен капитал од околу 1,5 милијарди евра. Со тоа, оваа компанија е четврта на листата 100 најголеми претпријатија во земјата, јавува Танјуг.

“Тоа е мало трговско друштво и неговиот капитал, што го доведе на четвртото место, е основачки капитал. Ова друштво не покажува активност, работи без вработени и нема искажано деловни приходи“, вели Ружица Стаменковиќ од Агенцијата за економски регистри на Србија.

Компанијата Патишта Србија располага со најголем вкупен капитал од 2,9 милијарди евра, потоа следи јавното претпријатие Електростопанство Србија со 2,3 милијарди евра, а на трето место е Железници Србија со капитал од 1,7 милијарди евра. На петтото место се најде команијата НИС со капитал од 1,5 милијарди евра.