Во Црна Гора на црно или без договор работат околу 40.000 луѓе, според неофицијални податоци до кои дошле синдикални активисти. Оваа појава е најизразена во време на летната туристичка сезона, а најмногу работници на црно има во трговските и угостителските објекти, здравство, просвета, физички работи на градежни објекти, пишува Новости.
Во Унијата на слободни синдикати предупредуваат на економските последици од оваа појава врз социјалните, пензиските и здравствени фондови, но и за државниот буџет.
Од друга страна, Црна Гора неодамна, повикувајќи се на анализата што ја направи Економскиот факултет во Подгорица, констатира дека 14% работници работат на црно (24.000 луѓе), што е скоро двојно помалку во однос на пресметките на работничките организации, пишува Новости.