Пониски продажните цени на индустриски производи на домашен пазар во јуни

34

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни оваа година се пониски за 0,2% на месечно и 0,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни 2014, во споредба со мај 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 0,2%, во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3%, додека во групите Капитални производи и Трајни производи за широка потрошувачка индексите се на исто ниво.

Во јуни 2014, во споредба со јуни 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,5%.