Се отвора првата Унгарска национална трговска куќа

56

Унгарска национална трговска куќа, прва во регионот, формирана од Унгарската инвестициска агенција, ќе биде отворена денеска во Скопје.

Отворањето на Унгарската национална трговска куќа во Република Македонија ќе значи зголемена можност за унапредување на економската соработка меѓу двете земји преку реализирање на нејзината основна цел – олеснување на контактите меѓу македонските и унгарските компании и јакнење на меѓусебната деловна соработка.

На отворањето ќе се обрати министерот за економија, Беким Незири, и заменик – министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто.