ДЗС: Во април за првпат регистрирано производство на електрична енергија од ветерници

40

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014 година, во Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 639.152 МWh електрична енергија, 3.400 мил. nm3 природен гас, 643 654 тони јаглен и 72 709 тони нафтени продукти.

Бруто – домашното производство на електрична енергија учествува со 72% во бруто – домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,4% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Во април 2014 година, во Македонија за првпат е регистрирано производство на електрична енергија од ветерни електрични централи, кое во мај 2014 учествува со 1,4% во вкупното бруто – домашно производство на електрична енергија.