Започна изградбата на мини хидро електрична централа на Беровското езеро

70

На Беровското езеро, со јавно-приватно партнерство меѓу Водостопанство Берово и  ДСС Солар од Скопје започна изградба на мини хидро електричната централа Ратево.

Централата, чиј рок на изградба е четири месеци, е лоцирана на 50 метри под круната на хидроакумулацијата. За изградбата на овој објект, како и за набавка на потребната опрема ќе бидат инвестирани 450.000 евра.

МХЕЦ Ратево ќе биде со капацитет од 400 кw, а за производство на електричната струја ќе се искористува водата што се испушта од браната како биолошки минимум. Планирано е и изградба на далновод од централата до трафостаницата на ЕВН Македонија.