Научниците од Јужна Кореја открија нов начин за пренамена на отпушоците од цигари во материјал што може да складира енергија за полнење батерии и на мобилни телефони и на електрични автомобили.
Во магазинот Nanotechnology објавена е студија на научници од државниот Универзитет во Сеул што ја покажува трансформацијата на отпушоците, кои се состојат од влакна на целулозен ацетат, па затоа се сметаат за токсични и штетни за околината.
“Нашата студија покажа дека искористените отпушоци можат да се преработат во вреден карбонски материјал и тоа преку едноставна постапка која истовремено пружа и решение за енергетските потреби на денешнината“, вели професор Јонгхеоп Ју, пренесува порталот Croenego.eu.
Крајниот резултат е таканаречениот суперкапацитатор, а научниците велат дека тој ослободува многу повеќе енергија, побрзо се полни и подолго трае од постоечките производи.
Според организацијата на непушачи во Америка и нивните права, отпушоците од цигари се широкораспространети во светот, па годишно се фрлаат околу 765.000 тони.