Србија: За работа се чека во просек скоро четири години

47

srbija

Во евиденцијата на Националната служба за вработување (НСЗ) во Србија моментно има 769.340 невработени, најмногу млади, а просекот на чекање на работа е скоро четири години, пишува Танјуг.

Директорот на НСЗ, Зоран Мартиновиќ, за Танјуг изјави дека просечниот број на години што невработените го минуваат чекајќи вработување е околу три години и 10 месеци.

Од вкупниот број на невработени, 202.000 се помлади од 30 години, додека постари од 50 години се околу 200.000.

Најтешко до работа доаѓаат кројачите на текстил, обработувачи на кожа и крзно, а најбарани се високообразованите, пред се електро инженери, инженери по електроника и ИТ кадри.

Тешко до работа доаѓаат и квалификувани работници од областа на машинството и обработка на метал, во областа на земјоделието, производство и преработка на храна, техничари во дрвно-преработувачката индустрија, хемиско – технолошки техничари, автоелектричари, стари занаети… Според податоците на НСЗ, за овие профили побарувачката е исклучително слаба. Од друга страна, во солидна позиција се инженерите по машинство, градежништво, математичари, наставници по странски јазици, доктори со специјализации, дипломирани фармацевти, книговодители.

Во најголемиот број на сличаи, првенствен услов за вработување на оние под завод е соодветно работно искуство.