Новиот Hard Rock Hotel на Ибица им нуди неверојатен престој на елитните гости. Прв е во Европа според брендот, таму се наоѓа најскапиот ресторан во светот SubliMotion и наголемиот спа центар на островот – Rock Spa.
Во најскапиот ресторан SubliMotion, 12 гости ќе уживаат во 20-те закуски што ќе ги подготви еден од најпознатите готвачи во Шпанија, Пако Ронцеро и задоволството ќе чини 1.235 фунти по лице, односно повеќе од 2.000 долари. Ѕидовите на ресторанот се виртуелно лајт шоу, а слики во движење се проектираат на масата. Ќе имате чувство дека јадете во градина, каде што ви летаат пеперутки. Декорот е контролиран од оператор што ги гледа гостите како вечераат и го менува осветлувањето или сцената соодветно, за да се координираат со првиот залак на клиентот или пристигнувањето на новата закуска.
Хотелот има 493 кадифени клучеви за апартманите што имаат дневна соба, терпезарија и канцеларија.
Од апартманите се излеваат базени како мали реки што дотекуваат до главниот базен, а внатре во него има бар.
Погледнете како изгледа новиот Hard Rock Hotel во Ибица.