Лондон ќе добие село што лебди на вода

55

1

Холандското архитектонско студио dRMM Architects минатиот месец ја доби задачата да го проектира првото село што лебни на вода во Британија. Градоначалникот на Лондон,Борис Џонсон,веќе објави дека конзорциумот што го сочинуваат Carillion Igloo Genesis и Buro Happold ќе трансформираат 15 хектари водена површина на локацијата Ројал докс во прво село што лебди на вода во Британија, пишува Architects journal.

2

Домовите, вклучувајќи ги и темелите, ќе бидат изградени на друго место, а потоа ќе бидат пренесени на избраната локација во источен Лондон. Оваа населба, прва од ваков вид во Велика Британија, ќе биде составена од 50 куќи што ќе се креираат по желба на идните станари, плус ресторани, барови и канцеларии. Изградбата би требало да започне кон крајот на следната година.

3

Овој концепт веќе е популарен во Холандија, а планот за изградна на селото над вода во Лондон е направен по примерот на населбата Ijburg во близина на Амстердам.

4