Над 197 милиони денари добивка за Гранит во првите шест месеци

17

granit

Градежната компанијата Гранит оствари нето добивка од 197.751.000 денари во период од 01.01. до 30.06. оваа година, покажуваат податоците од билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Гранит во истиот период лани евидентираше нето добивка во вредност од 109.599.000 денари.

Приходите од продажба на оваа градежна компанија се 2.062.979.000 денари, од кои на домашниот пазар се остварени 1.392.309.000 денари, а на странски пазари 670.670.000 денари. Во истиот период минатата година, вкупните приходи од продажба на Гранит беа во висина од 2.228.404.000 денари.