Телекомуникацискиот оператор Вип, во месецот во кој прославува седум години на македонскиот пазар за мобилна телефонија, им нуди на корисниците седум паметни телефони, кои може да ги одберат во текот на седум недели.
Почнувајќи од денеска, секој вторник, Вип на своите корисници ќе им понуди по еден паметен телефон неделно.
Заедно со оваа понуда, постпејд корисниците кои ќе го обноват или случат нов договор на 24 месеци, во текот на промотивниот период до средината на октомври оваа година, добиваат и 3 GB дополнителен бесплатен интернет месечно во текот на траењето на договорот.
За првпат корисниците на Вип ќе можат да ги купат телефоните по одлични цени на 24 месечни рати преку потрошувачки кредит со 0% камата, обезбеден во соработка со НЛБ Тутунска Банка и се однесува на физички лица. Бизнис корисниците, пак, добиваат зголемен буџет кој ќе може да го искористат за било кој паметен телефон од портфолиото на Вип во текот на седумте недели на промоцијата.
“Во текот на седум години од комерцијалното работење на Вип во Македонија, горди сме што им овозможуваме на корисниците неограничена комуникација по достапни цени. Радоста е вистинска ако се сподели токму со корисниците, и затоа во месецот кога Вип го прославува својот седми роденден, им нуди можност на своите постпејд корисници, постојните и новите да добијат одлични паметни телефони по одлични услови. Секогаш излегувајќи пресрет на потребите на корисниците за најсовремени услуги, Вип им подарува на сите корисници кои ќе го продолжат или склучат нов договор 3 GB интернет месечно“, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.
Роденденската понуда на Вип започнува со одличниот паметен телефон Alcatel Idol 2 Mini S, кој ќе биде достапен за 99 денари месечна рата со тарифниот модел Vip 666. Овој паметен телефон поддржува 4G LTE, со што корисниците можат да уживаат во навистина брз мобилен интернет на 4G LTE мрежата на Вип со најголема покриеност во Македонија. Оваа понуда важи до осми септември, а веќе од наредниот вторник ќе следи нова понуда.