Во Техномаркет од денеска, 4 септември, на сите купувачи им се гарантира значително намалување на цените на производите од бела техника. Со овој своевиден Black Jack, потрошувачите ќе можат да ги набават производите од брендовите AEG, ELX, HANSA, WHIRLPOOL, ZANUSSI и SAMSUNG со попуст од 21%.
Актуелната акција Black Jack ќе трае се до моментот кога ќе се потрошат и последните залихи од најбараните производи во делот на белата техника.
Ваквиот креативен и атрактивен потег од страна на најголемиот ланец на продавници за бела техника, апарати за домаќинство и IT производи, им носи одлични бенефиции на купувачите и уште еднаш ја потврдува заложбата на Техномаркет да ги направи своите производи поблиску до потрошувачите на наједноставен и најповолен начин.