Завршува сезоната за Градскиот Аква Парк

22

Со завршувањето на летната сезона, менаџментот на спортскиот центар Борис Трајковски ја заокружи и втората сезона од работењето на Градскиот Аква Парк.

„Втората година во Градскиот Аква Парк помина и подобро од она што очекувавме. Иако, реално, летото не беше баш со високи температури и вистински жешки денови, сепак, граѓаните ја одбраа оваа локација. Со самото отворање на единствениот аквапарк во градов, скопјани освен што добија нова забава, имаа можност и да ги уживаат содржините кои се во склоп на овој објект. Сезоната ја започнавме во месец јуни и до денес имавме повеќе од 30.000 посетители“, изјави директорот на СЦ Борис Трајковски, г-дин Златко Перински.

За наредната сезона се најавуваат нови интересни содржини кои ќе ја зголемат понудата на оваа летна локација.

На површина од 12.000 м2, овој аква парк содржи 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, три кафе-барови, санитарни јазли, соблекувални и прва помош.