Путин ги забрани слатките од Украина

51

cokoladni bonboni

Руските власти донесоа забрана за увоз на сите кондиторски производи од Украина, што е најновата увозна забрана на Москва среде ескалацијата на украинската криза, јавува The Moscow Times.

Руската агенција за заштита на потрошувачи Роспотребнадзор, објави дека оваа одлука е донесена врз основа на инспекциските надзори спроведени во две украински компании, каде откриле погрешно означени производи.

“Со цел да се заштитат правата на потрошувачите, Ростпотребнадзор го запира увозот на кондиторските производи од Украина во Русија“, стои во соопштението на руската агенција за заштита на потрошувачи.

Ова не е прв пат Москва да го забрани увозот на кондиторски производи од Украина, бидејќи минатата година воведе забрана за увоз на чоколади што ги произведува компанијата Рошен, која е во сопственост на украинскииот претседател Петро Порошенко.

Русија, претходно, забрани увоз на широк спектар на производи од Украина, како што се млечни производи, сокови и пива, поради, како што се наведува, проблеми со квалитетот.