Србија без инфлација во ноември

46

Во ноември месец во Србија немало инфлација, додека во однос на истиот месец минатата година достигнала 11,9%, соопшти Републичкиот завод за статистика. Од почетокот на годината, инфлацијата мерена со индексот на потрошувачките цени изнесувала 12,6%, пренесува Танјуг.

Најголем раст на цените во ноември е забележан кај комуникациите, 2,9%, кај облеката и обувките 1,4%, мебелот, покуќнината и тековното одржување на домот, како и во рестораните и хотелите за по 0,8%, групата вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,6% и образованието за 0,5%.

Пад на цените е забележано кај транспортот, за 1,1% и кај храната и безалкохолните пијалоци за 0,7%.

Цените на останатите производи и услуги не се менувале битно, стои во соопштението.