Работодавците помалку ќе вработуваат следната година

47

Повеќето работодавачи на глобалниот пазар се помалку убедени дека ќе вработуваат работници отколку што беа на почетокот на годината, што навестува тешки времиња за оние што бараат работа, се заклучува во прогнозите на групата Manpower за првото тримесечје од следната година.

Истражувањето на плановите за вработување во првиот квартал следната година покажува послаби прогнози за вработување во 29 од опфатените 42 земји, за разлика од истиот период минатата година.

Послабото расположение во поглед на вработувања е најзабележливо во Европа, каде што работодавците во 13 од вкупно 24 опфатени земји изнеле негативни прогнози. Пред само три месеци, негативни прогнози имало само од осум земји.

Најоптимистични планови за вработување за првите три месеци од следната година објавиле работодавците во Тајван, Индија, Бразил, Мексико, Колумбија и Панама, додека најголеми песимисти се работодавците во Грција, Италија, Шпанија, Словачка, Словенија и Холандија.