Веројатно првата асоцијација на најновиот хамбургер што Burger King го претстави во Јапонија е дека лепчето загорело, но црната боја претставува нешто сосема друго, пишува Yahoo.com.
Станува збор за црн хамбургер што се подготвува од црно печиво, месо со црн бибер и црно сирење. Името на овој необичен хамбургер е Kuro Burger – црн хамбургер, а црната боја ја доби поради “јагленот од бамбус“, што е мошне популарна состојка во азиската кујна.
Хамбургерот содржи и сос од кромд и лук исто така обоен во црна боја, добиено од мастило од сипа.
Kuro Burger се продава единствено во Јапонија, а потрошувачите можат да изберат меѓу двата вида: “дијамантски“ и “бисерен“. Дијамантскиот ги содржи горенаведените состојки, а “бисерниот“ е дополнет со зелена салата, домати и кромид, што на црниот хамбургер му даваат мало шаренило.