Облачно со повремен локален дожд

14

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Околу пладневните часови ќе има умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, пред се во западните делови. Ќе продолжи да дува умерен претежно јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 19 до 29 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 28 степени.